Новиот T-Cross пристигна во салоните на Volkswagen!
Последната едиција на SUV гамата на Volkswagen конечно пристигна и кај нас.
Овој мал SUV е изграден на MQB А0 модуларната платформа за возила на Volkswagen групацијата, која ја дели со малите градски возила Skoda Fabia, Skoda Scala, Seat Ibiza, Volkswagen Polo, како и со нивните SUV верзии – Skoda Kamiq и Seat Arona.

Користењето на оваа платформа кај возилата од групацијата, ја демонстрира на дело нејзината широкоспектарна примена во различните изведби на возилата. Од мали и градски возила, до возила со доволна големина кои ги задоволуваат сите потреби на едно семејство. Па така, во новиот T-Cross, простор за патниците има сосем доволно, благодарение на меѓуоскиното растојание од 2,5 метри, додека задната клупа за патници овозможува дополнителен простор со нејзино лизгање до 14 центиметри. Багажниот простор располага со големина до 455 литри и 2 нивоа на висина на подот.

Во понудата на мотори, достапни се 1.0 TSI бензинците со 95 и 115 коњски сили, 1.5 TSI со 150 коњски сили, додека од дизел мотори во понуда стои единствено 1.6 TDI со 115 коњски сили.
Цената на изложените модели е околу 19 000 евра, во конфигурација која и ние би ја препорачале доколку имате потреба од мал и модерен градски SUV.