Ford EcoSport ST-Line во салонот на Ford Macedonia
Во салонот на Ford Macedonia се запознавме со стилскиот кросовер на Ford – EcoSport со ST-Line ниво на опрема. Како и повеќето возила од овој тип на пазарот, EcoSport се карактеризира со повисока позиција на седење, повеќе простор во внатрешноста, како за патниците на предните седишта, така и за патниците во задниот дел, и повеќе функционалности и зголемена практичност на самото возило кои не се достапни во обичните хеџбек возила.

ST-Line нивото на опрема вклучува многу детали во надворешниот и внатрешниот дел на возилото, кои заедно го даваат саканиот „WOW“ ефект. Спортски браници, странични прагови, голем заден спојлер, 17” фелни, црна решетка на предниот браник, спортски заден дифузер и уште многу други детали кои го прават овој EcoSport привлечен уште на прв поглед.

Во внатрешноста, ST-Line пакетот на опрема нуди спортски седишта со кожа и функција за греење. Спортски волан со црвени шевови кои се наоѓаат низ целиот ентериер на возилото со што се нагласува неговиот спортски карактер. Сите функционалности на EcoSport се контролираат преку големиот екран во средината на конзолата или преку практичните команди на воланот. Моторот го вклучувате одноставно на копче лоцирано десно од воланот. Озвучувањето во овој кросовер е одлично и доаѓа преку 9 Премиум звучници на B&O со дополнителен сабвуфер во задниот дел.

Под хаубата на конкретно овој модел на EcoSport, се наоѓа економичниот 1.0 EcoBoost бензински мотор кој развива 125кс и нуди потрошувачка од само 4,6 (на отворено) и 6,2 литри (во град) на 100 изминати километри. Акциската цена на Ford EcoSport ST-Line изнесува 22,737 евра.