Големо освежување на компактната класа – Нов Hyundai i30

Hyundai ги претстави деталите од новиот i30 пред неговото деби кое требаше да биде на саемот за автомобили во Женева, кој за жал нема да биде одржан годинава.

Новиот i30 нуди подобрен дизајн, нови решенија за конективност и доаѓа како благ хибрид со 48 волтна батерија за подобрена економичност.

Hyundai исто така ја освежува и N спортската верзија на i30, која за прв пат ќе биде достапна и како комби изведба.

На надворешниот дизајн доминира новата предна решетка која е поголема во однос на претходната, нова технологија на LED светла со V-потпис кој е препознатлив за Hyundai.

Во задниот дел, веднаш препознатлив е новиот дизајн на браникот кој е развиен за подобрена аеродинамичност. Тука повторно се задните светла со V-потпис со што се постигнува симетричност на предниот и задниот дел.

N Line за сите варијанти на i30

N-Line отсега е достапно како ниво на опрема во сите варијанти на i30. Со овој пакет добивате дизајнерски елементи кои произлегуваат од спортската N дивизија на Hyundai.

Агресивни, спортски браници, поголема решетка, странични отвори за воздух и уште многу детали кои допринесуваат за спортските перформанси и аеродинамиката.

Како надополнување, спортските i30 N Line хечбек и комби добиваат надоградување во суспензијата и системот за управување и доаѓаат со 1.5 T-GDi бензински мотор со 160 коњски сили и 1.6 дизел мотор со 136 коњски сили.

Повеќе информации за новиот i30 очекуваме по неговата премиера на пазарот во Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *