Новата Škoda Ocavia RS iV е перформанс plug-in хибрид!
Škoda ќе се надева на ново солидно издание и уште еден целосен пакет, претставувајќи ја својата прва креација придвижена на plug-in хибриден погон – Octavia RS iV, која му се придружува на Golf GTE во оваа група на автомобили.

Електрифицираната Octavia ни доаѓа со комбинација од 1,4 литарски турбо бензински мотор кој работи во комбинација на електричен мотор, заедно создавајќи 242кс и вртежи од 400nm. Со оваа комбинација, новата Octavia RS во спринт до 100км/ч стигнува за 7.1 сек, и достигнува максимална брзина од 225км/ч. Тоа значи дека ова и не е најбрзата Octavia што сме ја виделе, но очекуваме во текот на годината да видиме и варијанта со поконвенционален и секако помоќен мотор.

Како што се очекува од спортска варијанта, Octavia RS iV има поагресивен атлетски изглед, нагласен со црни облоги на сите хромирани детали. Новите 18 инчни тркала, заедно со освежените браници додаваат на моќниот изглед на овој plug-in хибрид. Колоритот на разбивање на црнилото и извлекување на контраст се постигнува со кочниците кои се компорирани во силна RS црвена боја.

Атлетски е дизајниран и ентериерот, комплементирајќи го екстериерот со црни елементи кои ги има во изобилство. Има и нови спортски седишта, кои ако посакате можат да бидат направени од квалитетна Алкантара. За да не заборавите дека седите во спортскиот модел на Octavia се заслужни големиот број на RS беџови, кои ги има во изобилие, вклучувајќи на воланот, седиштата, потпирачите за рака, теписоните.