Новиот Volkswagen T-Roc Cabriolet

Volkswagen го освежува SUV сегментот со светската премиера на новиот T-Roc Cabriolet. Верзијата со отворен покрив го проширува опсегот на популарниот модел на Volkswagen, додавајќи уште повеќе стил и присуство на SUV пазарот.

Новиот T-Roc Cabriolet ќе ја има официјалната премиера на Саемот за автомобили во Франкфурт од 12 до 22 септември. Лансирањето на пазарите ќе биде во пролетта во 2020 година.

T-Roc Cabriolet – првиот кросовер кабриолет во компактната класа – ја нуди вистинската комбинација на впечатлив и екстровертен дизајн, висока позиција на седење карактеристично за SUV, висок степен на флексибилност и уникатно возачко искуство на кабриолет.

Мек покрив. Следејќи ја традицијата на добро познатата Beetle и Golf, T-Roc Cabriolet исто така има класичен мек покрив. Неговиот стандарден целосно автоматски покрив се отвора за само девет секунди. Може да се отвори и затвори дури и додека автомобилот е во движење, со брзина до 30 км на час. Покривот се отвора и затвора електромеханички.

Безбедност до последен детал. Патниците во T-Roc Cabriolet се добро заштитени со заштитата од превртување, која ги покрива и задните седишта. Системот вклучува потпирачи кои излегуваат позади потпирачите за глава на задните седишта во дел од секунда, веднаш штом системот детектира надминување на страничното забрзување или навалување на возилото. Покрај тоа, T-Roc Cabriolet е дизајниран со армирана рамка за ветробранско стакло и други структурни модификации со цел да се обезбеди максимална безбедност.

„Секогаш онлајн“ и дигитален кокпит. Со опционалниот достапен Инфозабавен систем следната генерација (MIB3), Кабриолетот е постојано поврзан на интернет – овозможувајќи му да понуди комплетно нови услуги и функции. Новиот систем има единица за поврзување преку Интернет, вклучувајќи интегриран eSIM. Ова значи дека T-Roc може, доколку сакате, да биде постојано онлајн веднаш штом возачот го регистрирал возилото во системот на Volkswagen. Информациите се прикажани на екранот на инфозабавниот систем, кој е со големина од 8 инчи. Кога ова се користи во комбинација со опционалниот Active Info Display, со неговиот 11,7-инчен екран, може да се создаде целосно дигитален пејзаж на кокпит – што го нарекуваме „Дигитален кокпит“.

Специфични пакети на опрема во R-Line. Клиентот може да избере помеѓу пакетите за опрема Style и R-Line. Спецификацијата на пакетот Style опфаќа фокус на дизајнот и индивидуалната талент. Спецификациите во пакетот R-Line е решително ориентиран кон спортот и ги содржи елементите на надворешноста и внатрешноста кои го даваат динамичниот карактер на моделот. Спортскиот карактер дополнително се потенцира со стандардните светла за магла, спортски подесена шасија и прогресивното управување со контролата на управувачот зависно од брзината на движење.

Ефикасно TSI дуо. Два ефикасни бензински турбо мотори со моќност од 85 kW / 115 КС и 110 kW / 150 КС соодветно се достапни со погон на предните тркала во T-Roc Cabriolet. Шестстепениот менувач доаѓа како стандарден во 1.0 моторот со моќност од 85 kW. Во помоќниот 1.5-цилиндричен мотор со 110 kW како опција е достапен и седумстепен DSG менувач со двојна спојка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *