Нов Mercedes E-Class – сега со многу повеќе технологија
Mercedes на светот му го претстави новиот фејслифт на E-Class, кој треба да пристигне 2021. Покрај новиот изглед, кој за чудо има навистина впечатлива разлика од претходниот E-Class, овој фејслифт добива големи промени и во внатрешноста, поточно во технологијата.

Затоа на брзина ќе кажеме дека најочигледна естетска промена е предниот браник, како и потенките предни фарови и новата решетка, а промени гледаме и во задниот дел, каде имаме карактеристичен облик. A сега интересниот дел.

Кога ќе влеземе во новиот Mercedes E-Class го имаме новиот MBUX infotainment систем, со 12.3 инчен екран на допир. Присутна е и најновата верзија на технологијата за помош на возачот на Mercedes во новата Е-класа, вклучувајќи адаптивен темпомат што може да го забави автомобилот според online извештај за сообраќајот, како и за автопати, кружни токови, патарини и т.н.

Е-класата ја усвојува и најновата активна опрема за безбедност на Mercedes-Benz. Како што е нов волан со hands-off детекција, адаптивен темпомат со stop-and-go, активна помош за управување, автоматско сопирање при итни случаи, помош за слепи точки која функционира и кога автомобилот е искучен, како и 360 степени камера со нов страничен поглед.

Од моторите добиваме многу верзии – од кои 7 се хибриди. Моќноста ќе се движи од 154кс до 362кс кај бензинците, и 158кс до 325кс кај дизелите. За прв пат добиваме и Mercedes E-Class plug-in хибрид, E350e, со 2 литарски 90kw/ч електричен мотор.