Нов Mercedes-Benz GLA

После дури шест години, Mercedes GLA влегува во својата втора генерација, со неколку големи промени во однос на својот претходник. Иако на прв поглед може да личи само на обичен фејслифт, еден поглед во кабината ги менува перцепциите.

Почнувајќи со димензиите, посебно висината, новиот Mercedes GLA добива неколку промени во надворешниот изглед. Новата AMG предна маска, заедно со пластичните облоги го прават Mecedes GLA да наликува повеќе на SUV, иако линијата на кровот асоцира на coupé – правејќи го вистински кросовер.

Промените во димензиите имаат влијание и на кабината, каде задните патници добиваат повеќе простор за лактите, рамената и нозете. Напред, пак, иако има повеќе простор за поголемиот дел од телото, сепак просторот за нозе е смален.

Додека сме во ентериерот, опремен е со импресивни екрани, кои доаѓаат во три варијанти: два 7 инчни монитори, 7 инчен и 10.25 инчен, или два 10.25 инчни монитори. Сите верзии доаѓаат со MBUX системот за infotainment. Доколку одберете модел со погон на четири тркала го добивате и Off-Road Engineering пакетот како стандард, во кој се вклучени додатен мод за возење, асистенција при спуштање, off-road анимации на екранот и специјални светла за off-road.

За сега имаме детали само за два мотори, иако очекуваме да има многу повеќе. Едниот е основниот модел GLA200, кој користи помал, четирицилиндричен, 1.33l мотор со 163 коњски сили и 250 њутнметри на вртежен момент. Менувачот работи во седум брзини, а има и технологија за исклучување на цилиндрите за да ги намали емисиите и да ја зголеми заштедата на горивото.

Другиот модел за кој знаеме е GLA 35, и доаѓа со четирицилиндричен мотор, но за разлика од GLA200, моторот е 2.0 литарски мотор со турбо полнач, кој произведува 310 коњски сили, и е поврзан на осум брзински менувач. 0-100 во 35ката се достигнува за 5.1 секунда.

Еден новитет, или да го наречеме обичен трик, е превземен од GLS – функцијата за перење. При активација се собираат ретровизорите и се затвораат прозорците, вклучувајќи го и сончевиот кров. Сензорот за дожд се исклучува на кратко за да не се активираат бришачите, додека контролата на клима автоматски се менува на мод за циркулација.

Новиот Mercedes-BenzGLA го очекуваме во Европа на пролет.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *