Пристигнува Alfa Romeo Giulia GTA ова лето?

Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio е најбрзиот Alfa Romeo произведен досега. 2.7 литарскиот V6 мотор со две турбини испорачува 505 коњски сили и 443 nm, го лансира седанот до 100 за 3,8 секунди и го држи рекордот за најбрз седан со 5 седишта на иконскиот Нирбургринг Но, што се случува кога тие броеви не се доволно добри, во растечкиот свет на автомобили со високи перформанси?

Па, изгледа дека брендот Alfa Romeo ќе го затресе светскиот пазар за спортски седани со воведувањето на нов модел. Според извори блиски до MoparInsiders.com, изгледа дека Алфа Ромео не е задоволна од Giulia Quadrifoglio и работи на нов модел со уште повеќе перформанси. Ова го означува враќањето на името GTA.

Додека не се знае многу за овој нов модел на Giulia, извори блиски до Fiat Chrysler Automobiles (FCA) кажуваат дека GTA ќе има повисок аутпут на моќност од 620 коњски сили, што е 100 коњски сили повеќе засилување на четиривратниот италијански седан. Извори тврдат дека новиот Alfa со високи перформанси ќе биде спарен со 8-брзински автоматски менувач.

GTA претставува Gran Touro Allegerita, Allegerita значи олеснета. Ова ни дава до знаење дека GTA ќе тежи околу 20 килограми помалку од претходните европски спецификации на Giulia Quadrifoglio со рачен менувач.

Не очекувајте претстојната Giulia GTA да биде волуменски произведено возило. Исто така, GTA всушност ќе биде многу ограничено производство. Оваа жешка понуда ќе биде наскоро достапна на европските пазари.

Според изворите на MoparInsiders.com, ова може да биде специјалното откривање на возилото што го планира Alfa Romeo Ромео од 24 јуни во Милано, возило со кое планираат да ја одбележат својата 110 годишна историја на постоење.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *