Фејслифт на Suzuki Ignis – сè уште преслатко
Иако беше презентирано во Јапонија пред еден месец, сега официјално доаѓа и во европа – нов фејслифт на Suzuki Ignis, за кој на прв поглед може и да не приметите дека е фејслифт.

Сепак има разлики од постариот модел, како што е промената на предниот браник кој сега е во сребрена нијанса и во трапезоидна форма, а имаме и нова решетка на предницата. Покрај тоа додадени се уште неколку бои во палетата, па сега имаме поголем избор за песонализација.
Во ентериерот работите не се премногу променети, иако додаден е новиот инфозабавен систем на Suzuki, кој сега функционира со екран на допир. Новитет е и дополнителниот дигитален кластер во таблата со инструменти.
Сепак имаме побитни промени кои се невидливи за око, 1.2 литарски DualJet мотор сега користи електронско стартување на алансерот VVT. Suzuki Ignis добива и подобрен хибриден систем со 10-Ah батерија, подобрена од старата 3-Ah батерија.