Јагуар XE Reims Edition – омаж на историската победа во 1954 година

Пред 65 години Jaguar ја имаше својата прва победа на тркачките патеки, која се случи на патеката во Ремс (која веќе не е во употреба), правејќи го овој момент историски за компанијата. За да се одбележи овој јубилеј најавен е Jaguar XE Reims Edition, кој ќе биде во лимитирана серија од само 200 автомобили.

Достапна исклучиво со P250 2.0 литарски Ingenium мотор, оваа специјална едиција ќе биде во сина боја, која ја имаме видено само во XKR-S и XFR-S моделите, комплементирана со црни контрасти – кровот, ретровизорите, фелните и праговите ќе бидат во сјајна црна боја.

Од опремата вклучени ќе бидат предни и задни сензори за паркинг, 10 инчен екран со infotainment систем и кожни тапацири – стандард за R-Dinamic S моделот, на кој е базиран овој автомобил.

Прилично мирниот четирицилиндричен мотор на овој „салoн на четири тркала“, создава 250 hp, и достигнува брзина од 0-100 за 6.2 секунди, со лимит околу 250 kmh.

Иако е достапен во само 200 примероци, во блиска иднина очекуваме цела флота од специјални едиции, кои Jaguar ги под името „Jaguar Factory Specials“, за кои сѐ уште нема многу детали.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *