Aston Martin Vantage Volante – достоен пречек за летните месеци

Aston Martin се подготвува на своите обожаватели да им понуди совршено возило за претстојните сончеви денови. Агнличаните можеби нема да дочекаат многу ведри денови, но несебично до најспортскиот и најагилниот модел во својата гама го направија совршениот автомобил за пролетно уживање, облеано со сонце и со ветер во косата.

Volante ги користи истата шасија и V8 мотор позајмен од Mercedes-AMG за кои купе верзијата на Vantage доби бројни пофалби. Со максимална брзина од 306 km/h и забрзување до 100 km/h од само 3,7 секунди јасно е дека 510 коњски сили се сосема доволни на 1.628 килограми (60 повеќе од купето) да им дадат озбилни перформанси. Кога сме веќе кај мерките за брзина, можеби ќе ве интересеира дека Volante е кабриолетот со најбрз механизам за отворање (6,7 секунди) и затворање на покривот (6,8 секунди) на пазарот.

Сè друго е исто како кај купето, што е за голема пофалба. Уште ако Aston Martin набрзо ја додаде опцијата за седумстепен рачен менувач кој го нуди во купето како алтернатива на осумстепениот автоматик, ние знаеме во кој автомобил би сакале да го поминеме летото 2020. А вие?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *