Audi го покажа новиот A3! Усовршување на совршенството?

Audi ја претстави новата генерација на омилениот (за повеќето) A3 Sportback пред официјалното претставување пред светот кое е закажано за саемот во Женева.

Четвртата генерација на А3 е претставена под камуфлажа (која сепак изгледа многу добро) на многу специфична и затворена од јавност локација на Сао Мигел островот во Португалија, каде многу мал број на светски новинари имаа прилика да ги почуствуваат динамичките својства на компактниот автомобил.

На локација каде вулкани го имаат оформено целиот ланец на острови и каде вулканската активност е сеуште голема, Audi ја претстави сршта на неговата ДНК – Quattro погонот на сите тркала.

Четвртата генерација претставува емотивна интерпретација на новиот дизајнерски јазик првично претставен во A8, а сега преточен во малиот и компактен хечбек. Опремен со електро-хидрауличен менувач со двојна спојка управуван од внимателно подесениот софтвер за погон на сите тркала, освен што претставува гаранција за максимално стабилно возење, тракција и големо чувство на задоволство зад воланот, покажува и огромна ефикасност. Ова доаѓа поради интеракцијата на адаптивната суспензија и прогресивното управување (фидбекот од воланот под различни брзини е различен). Сето ова резултира со краен продукт кој зрачи со спортски карактеристики и одлични перформанси кои импресионираат во свиоците на планинските патишта.

Да навлеземе во техничкиот дел:

Менувачот е поставен пред диференцијалот на задната оска. Со ова се постигнува подобра распределба на тежината на А3. Електронската распределба на вртежниот момент е специфично подесена за да одговара на барањата на различните профили на возење кои се интегрирани во Audi Drive Select Dynamic System. Овој систем ги собира податоците од сензорите на суспензијата и ги детектира не само условите на патот туку и возачките барања од возачот, па соодветно на тоа ја калкулира дистрибуцијата на вртежен момент кон менувачот со висока ефикасност и оптималност кон потребите на возачот во даден момент.

Уште повеќе технички работи:

Quattro погонот ја распределува моќта со целосна варијабилност помеѓу предната и задната оска. Во нормално возење, поголемиот дел од моќноста е пренесен на предните тркала. Во ситуација кога тракцијата на предните тркала е намалена, или потребно е поголемо забрзување, електричната аксиална пистон-пумпа е активирана и таа генерира хидрауличен притисок од 44 бари кон спојките на менувачот. Колку спојките во менувачот се поблизу една до друга од оваа пумпа, толку повеќе моќност е пренесена на задните тркала до дури 100%. Ова значи дека речиси секој пат кога педалата за гас ќе биде притисната поагресивно, новиот А3 ќе биде со заден погон!

Шлагот на тортата: Electronic Stabilization Control (ESC)

Селективната контрола на моќност помеѓу тркалата на една оска претставува последната коцка за штиклирање кога сте во потрага по спортски карактеристики на возење. Што значи тоа: При влез во свиок со поголема брзина, системот ги вклучува сопирачките на внатрешните тркала од кривината, додека тркалата на надворешната страна од свиокот добиваат зголемена моќ поради највисоката тракција што ја имаат со патот. Со ова, А3 едноставно се однесува како да е поставен на шини во свиоците, без притоа да настане било какво пролизгување или губење на моќност. Или едноставно ESC нуди максимална прецизност, агилност и секако безбедност во возењето.

ESC системот го регулира Quattro погонот во 3 нивоа. Со ESC вклучено, промените во погонската моќ се нежни и речиси незабележителни. Ова овозможува опуштено возење, максимална моќност и перформанси. Со селектирање на Sport Mode, возачот може буквално да дрифта на подлоги со помала тракција, при висока контрола и безбедност. Максимално пролизгување на тркалата е овозможено со комплетно исклучување на системот – ESC OFF, со што целосната моќност е препуштена на возачките квалитети на возачот, за чисто возачко искуство.

Спецификациите околу моторите се уште не се откриени од Audi, а ќе бидат достапни за јавноста по официјалното претставување на саемот во Женева, до кога ќе мораме да почекаме за да видиме како новиот А3 ќе изгледа и одвнатре.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *