Bentley Bacalar – повеќе од ексклузивност

Mulliner, гранката за персонализација на Bentley, своите корења ги влече како независен изработувач на каросерии во времето кога автомобилските компании на купувачите им доставувале само шасија и мотор, а остатокот на автомобилот го оставале остатокот да го изведат по сопствен вкус.

Во обид да се навратат на тие корења, британците изработија ултра-ексклузивен модел заснован на подвозјето на Bentley Continental GT, но со целосно уникатен дизајн инспириран EXP 100 GT концептот претставен лани по повод стогодишнината на Bentley. Bacalar ќе биде произведен во само 12 примероци по неверојатна цена од 1,5 милиони британски фунти. Дури и да можете да си го дозволите ова, жал ни е, но веќе е распродаден.

Што точно е Bacalar? Bacalar е отворен двосед кој ја користи најновата верзија на W12 моторот на Volkswagen групацијата (мотор со кој веројатно веќе сте запознаени од неговата примена во Bentley Continental, Flying Spur i Bentayga, Audi A8 VW и Phaeton. Во ова издание агрегатот произведува 650 коњски сили, што е неговата најмоќна варијанта до сега, со исклучок на верзијата од 710 коњски сили искористена во Bentley Continental Supersports. Заедно со вртежен момент од 900 њутнметри, и ревидиран осумстепен менувач со двојно квачило, Bacalar постигнува брзина од 100 km/h за 3,5 секунди и максимална брзина од повеќе од 322 km/h.

Ентериерот е малку помалку уникатен од екстериерот, и во него се приметува сродството со последната генерација на Continental, но сепак изборот на материјали е уникатен и посовремен, односно подобро ги одразува еколошките трендови во моментот (за разлика од моторот со шест литри работна запремнина). Наместо извонредните кожи по кои ентериерите на Bentley се познати, ентериерот на Bacalar е претежно изработен од волна, а наместо вообичаените фурнири, за дрвените апликации користи природно паднати дрва, фосилизирани во реки, езера и мочуришта. Покрај заштитата на здравите дрва, овој избор го оплеменува ентериерот со уникатната текстура и природна црна боја на фосилизираното дрво.

Се надеваме дека ова е само прва од многу уникатни креации со кои Mulliner ќе го воодушеви светот во иднината.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *