BMW M2 Competition Limited Edition – Уметничко дело во движење

За љубителите на спортското возење BMW M2 Competition веќе претставува уметничко дело, но доколку едно од најдобрите чувства зад воланот не е доволно за пребирливите купувачи, BMW во соработка со графити артистот Futura (порано познат како Futura 2000) направи посебна серија од 500 возила со рачно насликани браници и потпишани од реномираниот уметник. Доколку тоа не е доволно уникатно, три возила ќе бидат целосно насликани од страна на уметникот. Доколку не сте доволно добар возач набљудувачите да ги импресионирате со способноста да ја искористите магичната шасија на M2 Competition, тогаш барем ќе го привлечето нивното внимание со впечатливиот изглед на возилото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *