FERRARI го претстави новиот ROMA!

Roma е името кое Ferrari му го даде на новиот двоседен гранд турер со твин турбо V8 мотор, кој го претстави во главниот град на Италија.

Не само што Ferrari Roma е икона на италијанскиот дизајн, туку го претставува и највисокиот перформанс во оваа категорија, благодарение на турбо-полниот V8 од семејството на мотори што ја освои вкупната награда – Меѓународен мотор на годината – четири години по ред. Во оваа верзија моторот достигнува 612 коњски сили при 7500 вртежи во минута и е во комбинација со новиот 8-степен менувач DCT што беше претставен во SF90 Stradale.

Со тежина од само 1.472 килограми, Roma има можност да достигне 100 км на час за 3,4 секунди и 200 км на час за 9,3 секунди. Највисоката брзина е оценета на повеќе од 320 км на час, и како што се очекува од ваков мотор со високи перформанси, F154 зема само 98-октански бензин.

Со Roma, Ferrari сакаат, како што тие велат, современо да го претстават безгрижниот, пријатен начин на живот кој го карактеризирал Рим во 50-тите и 60-тите години на минатиот век, и со посебна префинетост да го пренесат чувството на „La Dolce Vita“, во денешно време.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *