Ford Mustang Mach-E – Muscle car за иднината?
По 55 години и шест генерации, Ford претстави верзија на Mustang која во целост отстапува од очекувањата. Наместо големо купе придвижувано од масивен V8 мотор и погон на задните тркала совршен за кревање облаци чад и прашина, Mustang Mach-E e SUV на електричен погон на сите тркала.
Со моќност од 465 коњски сили и вртежен момент од 830 њутнметри, електричниот систем му овозможува на возилото брзина од 100 киломтри на час да постигне за помалу од пет секунди, а се стреми и кон домет од 600 километри на час од едно полнење. Иако формата на возилото не ја одразува семејната врска со традиционалниот Mustang, овие бројки се доволни за да се утврди дека и Mach-E како неговиот бензински роднина е предвиден за брзо да ве однесе од еден на друг крај на долгите, прави американски патишта.

Кога сме кај семејните врски, Mach-Е личи како да е резултат на пијана ноќ помината помеѓу Lamborghini Urus и обичниот Mustang, каде градбата ја наследил од Urus, а деталите од Mustang. Станува збор за SUV со спуштен заден кров, маркетиншки познат под парадоксалниот назив SUV купе, со фарови и стоп светла со дизајн речиси идентичен на тие на шестата генерација на Mustang. Иако електричниот погон нема потреба од маска со отвори за воздух, на „муцката“ на Mach-E јасно е изразена формата на маската на обичниот Mustang.

Ентериерот на Mach-E е тоа што најјасно покажува дека ова е возило кое за своја директна конкуренција го извира Tesla Model X, бидејќо сите функции на возилото се сместени во вертикално поставен екран од 15,5 инчи. Покрај вградените функции, системот овозможува и безжично поврзување со мобилни уреди по пат на Apple CarPlay, Android Auto и AppLink.

Mach-E несомнено е попрактичен, поекономичен и почист од традиционалниот Mustang, но сите екстремни отстапувања од семејниот рецепт што ова возило ги прави сигурно ќе имаат голем број на противници. Љубителите на muscle cars и огромни V8 мотори сигурно ќе одбијат да му посакаат на Mach-E добредојде во динстијата на Mustang, но од друга страна Ford сега може да се надева дека ќе привлече нови љубители, токму од онаа група на луѓе кои од своите Tesla Model X со гадење и омраза гледаа во ауспусите на Mustang и ги проколнуваа издувните гасови кои излегуваа од нив.
Дали Mach-E претставува светогрдие и сквернавње на една од најпопуларните серии на автомобили или разумна, природна и добредојдена еволуција на најпопуларниот muscle car? Тоа останува на вас да одлучите.