Kia ја претстави новата генерација на Sorento!
Kia Motors Europe ја претстави новата генерација на Sorento пред интернационалното деби на саемот за автомобили во Женева.

Концептот за т.н. рафинирана смелост инспириран од дизајнерите на Kia, кои се обидоа да го одржат моќниот, робустен изглед на претходните генерации на Sorento, и притоа да применат поголем степен на рафинирање и елеганција. По стилски од кога било, редефинираниот дизајн на Sorento вклучува поостри линии и непрекинати површини, со што се добива најголемата разлика во однос на неговиот претходник. Со посовремени геометриски детали и издолжени пропорции, резултатот е посигурен, позрел дизајн кој го нагласува присуството.

Според дизајнерите на Kia, предницата на Sorento го претставува препознатливиот Тигар белег на брендот. Фокусот на дизајнот се светлата кои го зачувуваат целосниот впечаток.
Профилот на Sorento, суптилно е адаптиран да изгледа подолго, со пократки предни и задни надвиснувања и поголемо меѓуоскино растојание. Неговите нови пропорции додаваат на агресивниот и моќен дизајн кој се пренесува од предната страна.

Новиот Sorento одлично ја надополнува SUV понудата на Kia. Оваа нова генерација е резултат на колаборативен труд од страна на три студија во рамките на глобалната мрежа на дизајн на Kia, во Кореја, Европа и Северна Америка.
Оваа четврта генерација се заснова на целосно нова платформа, со која Kia планира да ги подигне стандардите во класата на семеен SUV.

Повеќе детали за Kia Sorento ќе добиеме по неговото официјално претставување на саемот во Женева во март оваа година.