Lamborghini ја отворија сезоната: Нов Huracán Evo RWD Spyder.

Lamborghini започнаа со работа по затворањето поради сеуште актуелната ситуација. Добрата вест е што веднаш го претставија новиот Huracán Evo Spyder, кој ни доаѓа како кабриолет, спремен за летната сезона, со погон само на задните тркала. И нас ни е мило поради тоа.

Овој Spyder ветува голема забава во свиоците како што беше и кај неговиот претходник, но овој пат во полесно пакување, од само 1 509 кг и тежиште благо наклонето кон задниот дел.

Со недостаток на тракција и покрив, забрзувањето до 100 км/ч се остварува за 3,5 секунди, што е за 0,2 секунди поспоро од купе верзијата. Ова забрзување не е вчудоневидувако, затоа што повеќето многу поефтини спортски автомобили забрзуваат за слично време. Но не сите можат да се пофалат со синфонијата на звуци што доаѓа од 5,2 литарскиот V10 мотор поставен зад главата на возачот.

Недостатокот од покрив е сè што ви е потребно за добро да го забрзате чукањето на вашето срце по чекањето од 17 секунди за отворање на платнениот покрив, а 610-те коњски сили и вртежниот момент од 8 000 rpm се тука за вашата доза од адреналин. 200 км/ч се достигнуваат за 9,6 секунди и максималната брзина изнесува 324 км/ч.

Профилите за возење се традиционалните Strada, Sport и Corsa – последниот од кои е препорачливо да го вклучувате само на тркачка патека. Подесувањето на шасијата е контролирано од Dynamic Steering системот на Lamborghini, кој доаѓа стандардно, заедно со 19 инчни челични кочници или опционалните 20 инчни карбон-керамички кочници.

За разлика од купето со погон на задните тркала, новиот Spyder доаѓа со нов преден сплитер, поголеми предни отвори за воздух и комплетно нов дифузер на задниот браник. Во внатрешноста, слично како и кај купето, се наоѓа 8,4 инчен инфозабавен систем со екран на допир на централната конзола и виртуелен кокпит пред очите на возачот. Остатокот од кабината е… знаете, Lamborghini.

„Возачот е во перфектна симбиоза со инжењерското наследство кое доаѓа од Lamborghini“, објаснува Стефано Доменикали. „Доживувањето кое доаѓа од фидбекот кој се добива од погонот на задните тркала и неговото електронско пренесување на воланот е минимизирано, додека задоволството од чувството на слобода и духот кој доаѓа од возењето на кабриолет е незаменливо.“ Дополни директорот на Lamborghini.

Почетната цена изнесува околу 210 000 евра во Европа, што е околу 16 000 евра повеќе од купето, но тоа не е ги вклучува повеќето сетови на гуми кои ќе ви бидат потребни кога ќе го искусите во целост новиот Huracán Evo Spyder.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *