Renault Megane facelift – консолидација на гамата

Renault ја претстави подновената верзија на Megane, која покрај стандардните промени очекувани од секој фејслифт, како нови светлосни елементи, ажурирани информатички системи и благи козметички измени, со себе донесе значителни промени во основната механика.

Најзначаен новитет е plug-in hybrid системот кој нуди до 65 километри домет само на електрична енергија, а за тие на кои забавата им е позначајна од екологијата, спортските RS верзии сега нудат единствен четирицилиндричен турбо мотор со запремнина од 1,8 литри и моќност од 300 коњски сили. Повеќе не се достапни различни комбинации на шасии и мотори, туку поделбата е поедноставена.

„Стандардниот“ RS го нуди горенаведениот мотор во комбинација со стандардна шасија која го прави возилото поприлаголиво на различни услови, додека Trophy верзијата се нуди исклучиво со спортската Cup шасија која за цел има само максимизација на перформансите на возилото. Со други зборови, лесно е да се одлучи кој модел сакате да го користите, зависно од тоа дали имате потреба од возило за секојдневна употреба кое може да изненади со своите перформанси, или пак возило кое се освен возење по стаза може да направи само по казна.

Доколку имате потреба од конвенционални мотори (или тоа е тоа што вашиот буџет го дозволува), постојат „цивилни“ верзии со 1,3-литарски бензински и 1,5-литарски дизел мотори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *