Shelby GT350/GT350R Heritage Edition – Семејно наследство

Ford претстави нов визуелен пакет на опрема за Shelby GT350 и GT350R изведбите не Mustang. Промените се чисто визуелни и вклучуваат екстериер во Wimbledon White бела боја со Guardsman Blue сини ленти и екстериер во црна кожа со црвени шавови, како и бројни Heritage Edition значки. Комбинацијата на боите е идентична на таа на оригиналниот Shelby GT350 од 1965.

Иако овој пакет на опрема суштински не нуди повеќе од основните GT350 модели, кога се работи за возило придвижувано од V8 мотор од 5,2 литри со 534 коњски сили и вртежен момент од 582 њутнметри, кое веќе ги има поместено границите на способност за својата класа и е првиот американски muscle car кој ги исполнува европските очекувања за агилност и уживање во возењето, не е ни потребно да се смени повеќе од бојата. Heritage edition само од едно привлечно возило прави уште попривлечна целина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *