Thunder е името на новата специјална едиција на Ford Ranger

Базиран на Wildtrack моделот на Ranger, оваа лимитирана верзијата доаѓа со сива основа, која е украсена со црвени контрастни елементи, додека браниците се облиени со црна боја. Сето ова е надополнето со нови 18 инчни тркала, LED фарови, како и тродимензионални беџови со логото на Thunder низ целата основа.

Ентериерот ја задржува шемата на бои, па така добиваме темна кожна прекриеност со црвени везови на седиштата, воланот и панелот. Секако да не ги заборавиме и беџовите Thunder кои се вметнати во седиштата.

Околу моќноста немаме избор – 2.0 литарски twin-turbo EcoBlue дизел мотор е единствената опција, кој праќа 210кс до сите четири тркала преку 10 брзинскиот автоматичен менувач на Ford.

Оваа специјална едиција на, како што Ford би го нарекле, „најпопуларниот пикап во Европа“ е најавен да пристигне кон крајот на летото 2020 година, а ќе бидат изработени само 4500 парчиња.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *