Toyota го претстави новиот Highlander: Деби во Европа на големиот SUV со 7 седишта

Најголемиот SUV на Toyota започнува со продажба, за сега само во запанда Европа.

Достапен исклучиво со целосен хибриден погон, новиот Highlander претставува најновиот SUV во понудата на јапонскиот производител.

Искуството од 23 години во хибридна технологија резултира со 15 милиони клиенти на хибридни возила, преку 9 модели и 4та генерација на автоматско полнење на батериите.

Во развојот на Highlander, на платформата GA-K, Toyota успешно ги комбинира високите практични функционалности на семејно возило, со комфорот и безбедноста на голем SUV модел, притоа постигнувајќи ниски емисии на штетни гасови и високо-интелигентен погон на сите тркала.

Со должина од речиси 5 метри, 20 инчни фелни, целосен софистициран дизајн кој асоцира на динамичност и робустност на вистински офроудер, новиот Highlander доаѓа луксузно спакуван со многу технологија во внатрешниот дел и севкупно премиум чувство.

Внатрешноста е дизајнирана за максимизирање на практичноста и функционална корист од просторноста. Во сосема задоволителен комфор ќе се превезат 5 патници, со можност за дополнителни 2 седишта кои седат склопени во задниот дел на големиот SUV, со што при нивно отворање може да се превезат уште 2 патници.

На централната конзола е големиот 12,3 инчен инфо дисплеј со кој ги контролирате многуте функции. Дополнително за сите патници се достапни повеќе USB приклучоци и бежичен полнач.

Четвртата генерација на хибридни системи на Toyota во Highlander е составена од 2,5 литарски бензински мотор, со дополнителни 2 електрични мотори на предната и задната оска, додека во подвозјето на средина се поставени батериите. Целокупната моќност изнесува 244 коњски сили и потрошувачка од 5,2 литри на 100 изминати километри, што за SUV од оваа димензија е мошне импресивно и многу економично.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *