Пристигна Puma: Новиот, стилски кросовер на Ford!

SUV понудата на Ford ја доби последната едиција. Во салонот на Ми-Да Гранд Моторс пристигна новaта Ford Puma.

Јасно дизајнирана за секојдневието. Смел и спортски надворешен дизајн, истакнат со многу детали кој веднаш ни го привлече вниманието штом зачекоривме во салонот на Ford. Овој нов, урбан кросовер е основан на добро познатата Fiesta, со видно зголемени пропорции на каросеријата, доза на спортски карактер и многу посакуваниот „Wow“ фактор.

Внатрешноста е добро позната. Она што изненадува е богатата стандардна опрема. Многу удобни седишта со лумбарна поддршка и функција за масажа, кожен управувач и менувач, наслон за рака со одлична ергономија, квалитетни материјали околу вас типично за добро познатото нивото на квалитет на Ford. На централната конзола е 4,2 инчен инфозабавен систем кој е позициониран високо, во погледот на возачот и не бара потреба од тргнување на погледот од патот за негово ракување. Под него се наоѓаат контролите за автоматската клима, а во оставата за телефон стандардно доаѓа и бежичен полнач, што е несекојдневно во возила од оваа класа и е оценка повеќе за новата Puma.

Изложената Puma е во Titanium нивото на опрема, кое ги вклучува сите дополнителни додатоци кои Вам ви се потребни. LED предни и задни светла, сензор за дожд, автоматски клима уред, адаптивен темпомат, систем за одржување на коловозна лента, систем за итно сопирање во итен случај, систем за набљудување на слепа точка, паркинг сензори, задна камера и многу повеќе. Дополнително, металик црвената Lucid боја стои одлично што го прави пакувањето целосно.

Под хаубата се наоѓа 1.0 литарскиот EcoBoost мотор на Ford кој испорачува 125 коњски сили, а во понудата можете да добиете и помоќна верзија на истиот мотор со 155 коњски сили. Менувачот е 6 степен мануелен, а достапен е и 7 степен автоматски менувач. Цените започнуваат од 22,500 евра, а изложениот примерок во моментот е со акциска цена од 22,600 евра.

Целата понуда за новата Puma можете да ја погледнете тука.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *