Новиот Audi RS7 Sportback

Audi го претстави новиот RS7 Sportback, кој вбризгува доза на моќ во платформата на A7 благодарение на тимот на Audi Sport.

Со истакнат мускулест изглед вклучително и пошироки лакови насекаде околу себе, 22″ тркала, како и 4 литарски би-турбо V8 мотор со 600 коњски сили. RS7 вклучува постојан Quattro погон на сите тркала со променлива дистрибуција, како и нови режими на возење RS1 и RS2 за понатамошно рафинирање на возачкото искуство.

RS7 е MHEV, или благ хибрид, со V8 мотор поддржан од систем со 48V што му овозможува да одржува брзина на т.н. едрење до 160 км на час или да го активира старт-стоп системот под 20 км на час. Севкупно произведува 600 коњски сили, што е за 40 повеќе од претходната генерација и 800nm, за 100nm повеќе од порано, што резултира со време од 0 до 100км/ч за само 3,7 секунди и на максимална брзина од 305км/ч доколку го деактивирате електронскиот лимит.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *