McLaren ELVA!

McLaren го претстави Elva, најновиот член на Ultimate Series семејството, чии членови се најспектакуларните модели на британскиот производител. Изработен претежно од јаглеродни влакна, новиот модел е најлесниот производ во историјата на McLaren, но точната тежина сѐ уште не е објавена.

Малата тежина, во комбинација со V8 мотор со запремнина од 4.0 литри и моќност од 815 коњски сили, му дава на овој болид можност до 100 километри на час да стигне за помалку од 3 секунди, а до 200 за 6,7. Максималната брзина сѐ уште не е објавена, но земајќи во предвид дека возилото нема шофершајбна, ограничувањето на брзината ќе го диктира издржливоста на лицето на возачот а не техничките спецификации на возилото.

Производството ќе биде ограничено на само 399 примероци, а цената ќе биде 1.690.000 американски долари. Иако теоретски ќе се продава низ целиот свет, овие два податоци наговестуваат дека Elva нема да биде виден на македонските улици.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *